Често се спроведуваат истражувања на тема машко-женски односи. Секое има за цел нешто различно, а една, спроведена меѓу жени во раните 20-ти, имала за цел да открие што најмногу им се допаѓа кај мажите.
Она што требало да го направат испитаниците е да го оценат изгледот на мажите на скала од 1 до 7. Резултатите може да ве изненадат.
Извајани тела
На студентите им биле прикажани фотографии од 200 мажи без кошула, а биле прикажани само тела, без лица. Сите мажи на фотографиите исто така биле студенти на универзитетот. Шеесет мажи редовно посетувале теретана, а 130 посетувале редовни училишни тренинзи.
Сите 160 испитанички изјавиле дека претпочитаат „извајани“ тела на мажи кои редовно одат во теретана, според студијата наречена „Proceedings of the Royal Society B“.
Здрав и способен
Авторите на студијата веруваат дека силните тела отсекогаш биле поврзани со здравјето и способноста на мажот да преживее и да се грижи за себе. Во модерното време, тоа може да се преведе како успех на работа и показател дека мажот може да се грижи за своето семејство и да го заштити.
Тие додаваат дека овие резултати можеби нема да важат за сите жени, бидејќи истражувањето е спроведено само меѓу студенти, а резултатите веројатно би се разликувале доколку истражувањето би било спроведено во различни делови на светот.