
Ако ја посолите лубеницата, ќе добиете интересна комбинација на вкусови која долго се памети.
Слаткарката Никол Вестон решила да ги остави предрасудите на страна и да проба необична верзија на лубеница.
– Признавам, бев скептична кога за прв пат во рацете имав солено парче лубеница. Тогаш мојот пријател инсистираше да го пробам, тврдејќи дека така е уште послатка. Пробав и беше во право, навистина е подобра посолена, вели Никол.
И додава:
– Солта ја прави лубеницата послатка бидејќи создава солено-сладок контраст и на тој начин овозможува слаткоста да се истакне уште повеќе. Лубеницата обично има суптилна слаткост бидејќи е полна со вода, за разлика од јагодите и другите овошја кои имаат поконцентриран, интензивен вкус. Солта го поттикнува и производството на плунка, што ја прави лубеницата уште посочна – објасни таа.

– Трикот за успех е да ставите многу малку сол, односно рамномерно да го премачкате целото парче лубеница. Ако ставите премногу сол, ќе ја убиете слаткоста и ќе мора да земете ново парче – објави „Baking Bites“.
Никол објасни и дека лубеницата е вкусна со секаква сол.
– Можете да користите секаков вид сол, вклучително и кујнска сол, но јас претпочитам да користам крупна морска или кошер сол. Солта за јадење е полесно да се попрска на лубеницата, но крупната морска сол дава поголем солено-сладок контраст. Исто така, лубеницата одлично оди и со фета сирење, има сличен ефект – откри Никол.