ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ДЕКА КАФЕТО СО ДОДАТОК НА ЛИМОН ПОМАГА ЗА СЛАБЕЊЕ? Нутриционист открива која е ВИСТИНАТА

popara9 мај, 20231min00
511546_x37791_f

Кафето во комбинација со лимон има многу здравствени придобивки. Неодамна е докажано дека помага при слабеење и ја штити кожата од сонцето.

Тренд кој е промовиран во последно време комбинира два омилени утрински пијалоци. Кафето во комбинација со лимон не делува примамливо, но корисниците на социјалната мрежа „TikTok“ во последно време полудеа по оваа комбинација.

Тие наведуваат дека кафето со додаден сок од лимон помага при слабеење, а слабеењето е брзо и загарантирано.

Одамна е познато дека кофеинот е одговорен за подобрување на различни аспекти на многу функции. Кофеинот, всушност, добро влијае на меморијата, концентрацијата и нивото на енергија. Добро делува и за забрзување на метаболизмот.

– И кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси, но нема значајни докази кои сугерираат дека додавањето лимон во кафето може да влијае на согорувањето на мастите – истакнува нутриционистот Кристал Скот.

Таа додава дека има некои докази кои сугерираат дека кафето може да биде поврзано со намален ризик од развој на дијабетес тип 2, но дека се потребни дополнителни истражувања за да се докаже тоа. Кристал Скот наведува дека треба да се внимава со новиот тренд на пиење кафе со лимон.

– Луѓето кои се анксиозни или имаат висок крвен притисок треба да избегнуваат големи количини на кафе – заклучува Скот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma