Дали сте слушнале за миење на косата со брашно? Еве за кого се препорачува

popara4 јули, 20231min00
676

Можеби ви звучи чудно, но миењето на косата со брашно може да им помогне на луѓето кои страдаат од премногу мрсна коса.

И ова е еден од многуте трикови кои можете да ги најдете на Интернет, но не ве чини ништо да се обидете, бидејќи многу девојки кои го пробале тврдат дека косата никогаш не им била поубава.

Во што е финтата?

Скробот од брашното ги топи мастите од темето и косата, поради што по миењето со брашно косата повторно изгледа негувано и еластично. Покрај тоа, некои брашна, како што се ‘ржаното брашно или брашното од леблебија, ја негуваат косата бидејќи содржат витамин Б5, цинк и железо.

Овие хранливи материи дури и ја зајакнуваат косата. Ако се одлучите за овој третман, избегнувајте брашно што содржи многу глутен, како што е спелтино или пченично брашно. И тоа не е се! Според многубројните сведоштва на блогерите од Интернет, косата после миење со брашно добива поголем волумен и станува помека.

Со оглед на тоа што брашното е со неутрална pH, не го иритира осетливиот скалп и помага против првут и проблематична кожа.

Како да се измие косата со брашно?

Миењето на косата со суво брашно звучи како невозможна мисија, но всушност е прилично едноставно. Измешајте чаша вода со четири лажици брашно и мешајте додека не се формира кремаста паста.

Оставете ја смесата на вашата коса најмалку пет, но не подолго од 10 минути.

На крајот, добро исплакнете со обичен шампон.

Плус совет: Доколку смесата со брашно ви е „досадна“ без никаков мирис, можете да додадете неколку капки есенцијално масло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag