Дали сте ја пробале диетата со лубеница? Еве пример од менито за 5 дена

popara12 јули, 20231min00
Screenshot_5

Лубеницата може да ви помогне во слабеењето, но ако се одлучите за детоксикација на организмот најдобро е таа да трае 9 до 13 дена.

 

 

 

Овој зеленчук ви помага во губењето на килограми, а притоа ве заситува и позитивно влијае на системот за варење. Покрај тоа, лубеницата е природно слатка, па е одлична замена кога ќе добиете мала криза за сладолед или чоколада.

 

Влакната кои ги содржи ве заситуваат и штитат од прејадување, богата е со хранливи материи, а сиромашна со калории. Така, со помош на лубеницата ќе ги намалите порциите кои ги консумирате во текот на денот.

 

Пред да се одлучите да ја спроведете диетата, еве што треба да знаете:

 

– Студената лубеница не е најздрава. Чувајте ја на собна температура и оладете ја непосредно пред консумирање.

 

– Вообичаената овошна салата заменете ја со комбинација на лубеница, моцарела и неколку капки балсамико.

 

– Послужете ја лубеницата како торта. Сечете интересни облици, рендајте темно чоколадо, декорирајте со друго овошје…

 

– По вежбањето, во блендер измешајте 1kg лубеница без семки, шолја студена во да и 2 лажици сок од лимон. Освежителниот шејк испијте го најдоцна 1 час по тренингот – ќе ја забележите разликата.

 

Начин на исхрана:

 

1 ден

 

Појадок: Парче лубеница, шолја незасладено кафе или зелен чај

Ручек: 150g варено чисто говедско месо, 150g варен ориз, парче лубеница

Вечера: 100g кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница

 

2 ден

 

Појадок: Парче лубеница, шолја незасладено кафе или зелен чај

Ручек: 100g варени пилешки гради, парче леб, парче лубеница

Вечера: 100g печена риба, 100g варен ориз, 2 парчиња лубеница

 

3 ден

 

Појадок: Парче лубеница, парче леб на тост, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 50g тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница

Вечера: Салата од зеленчук помешана со неограничена количина лубеница

 

4 ден

 

Појадок: 2 парчиња лубеница

Ручек: Супа од брокула, парче леб, 2 парчиња лубеница

Вечера: 3 компири со средна големина печени во рерна, 2 парчиња лубеница

 

5 ден

 

Појадок: 3 парчиња лубеница

Ручек: 150g варено чисто говедско месо, неограничени количини лубеница

Вечера: Парче леб, 100g кравјо сирење, 3 парчиња лубеница

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag