Откако сте биле болни, секогаш е најдобро да го исчистите вашиот дом. Променете ја постелнината, измијте ја облеката и избришете ги површините. Ова може да ви даде не само мир на умот, туку и уништување на преостанатите бактерии. Но, дали тоа значи дека треба да ја замените и вашата четка за заби?
Краткиот одговор е – да. Општата препорака е да ја смените четката за заби откако сте биле болни.
Микробите можат да живеат на четка за заби некаде од 24 часа до неколку недели, во зависност од специфичниот тип на болест или бактерии, според Стоматолошкиот колеџ во Џорџија на Универзитетот Аугуста, пренесува HuffPost.
– Истата четка за заби можете да ја користите додека сте болни, но сменете ја кога ќе оздравите. Сепак, бидете внимателни со тубата со паста за заби, особено ако ја делите со другите членови на домаќинството. Можеби е најдобро да користите сопствена паста за да избегнете пренесување на бактерии од четката за заби во пастата, објаснува д-р Лорен Бекер, општ и козметички стоматолог.
Оставете ја четката на отворено
– Повеќето бактерии кои живеат на вашата четка за заби умираат во присуство на кислород. Кога вашата четка за заби е сува, повеќето бактерии се искоренети. Ако ја покриете четката за заби со капак, бројот на бактерии во неа може да биде поголем отколку кога би била оставена на отворено – рекол д-р Харви Карп, а пренесува HuffPost.
Менувајте ја четката за заби на секои 3 месеци
Американската стоматолошка асоцијација препорачува замена на четкичките за заби на секои три месеци поради истрошените влакна и микробното насобирање со текот на времето. Истата идеја важи и за електричните четки за заби.