Дали Французинките навистина носат беретки, точки и и пругаста облека? Листа на модни клишеа

popara17 јули, 20231min00
shutterstock1364535446-830x0

Многу критичари истакнаа дека хит-серијата Емили во Париз е преполна со клишеа на француската култура, а една работа која доби најмногу негативни коментари е модата.

Од црвени беретки до кошули со дезен од Ајфеловата кула, Емили Купер изгледаше дека сака да ги крши сите свети париски модни правила и претпочиташе да се шета како клише Американка во Париз.

Но, дали сите овие француски модни клишеа навистина се модата што парижаните ја обожаваат? Има ли за нив место во светот на модата и денес?

Беретка

Најголемото француско клише од сите, беретката, е токму тоа – стереотип без фактичка основа. Беретките кои можат да се видат на париските улици ги носат многу постари генерации, а не млади Французинки.

Пругасти кошули, маици и блузи

Најтипичен француски топ е кошулата „La Mariniere“, позната и како „Бретон“, со многуте сини и бели хоризонтални ленти. Ова е едно модно клише кое сè уште „живее“ во Франција. Можете да видите кошули со пруги, па дури и џемпери насекаде во Франција, вклучувајќи го и Париз. Стилот е адаптиран и реинтерпретиран од многу модни дизајнери низ годините, но класичната кошула „Saint James“ сè уште останува популарна!

Свилена марама

Французинките навистина носат прекрасни свилени марами, дури и ако не се сите брендирани. Може да се носат врзани околу вратот или на чанта.

https://xdn.tf.rs/2023/07/12/shutterstock1873643323-830x0.jpg

Точки

Црно-белиот фустан со точки е француско модно клише кое доминира со децении. Додека некои дизајнери сè уште користат точкести ткаенини за нивната облека, тие не се носат баш на улиците на Париз. Значи, иако нема ништо лошо во овој дизајн, тој не е сеприсутен.

Мантил

Тренч палтата се многу важен дел од француската гардероба и може да се видат кај жените ширум Франција. Овие водоотпорни беж палта се практични за дождливите париски денови и одлично се комбинираат со повеќето комбинации. Ова е едно клише што навистина се носи.

Балетанки

Балетанките се секојдневен чевел што навистина можете да го забележите на тротоарите во Париз или на терасата на локално кафуле. Тие се сакани затоа што ги има во сите бои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag