Експертите го даваат одговорот
Колку пати сте носеле нешто ново без претходно да го измиете? Можеби мислите дека облеката во продавниците е чиста, но се лажете.
Иако сигурно едвај чекате да ја облечете новата облека веднаш откако ќе ја купите, подобро е да бидете трпеливи и да ја измиете пред да ја облечете за прв пат.
Според експертите, облеката што штотуку сте ја купиле дефинитивно треба да ја исперете.
Текстилот може да содржи остатоци од производството, како конзерванси и вишок бои, па затоа дерматолозите советуваат да се перат алиштата по купувањето, наведува „Byrdie.com“.
Новата облека, исто така, често се третира со репеленти за дамки, фиксатори на бои, средства против гужвање, омекнувачи и други хемиски третмани и завршни материјали што можат да ја иритираат кожата.
Перењето на новата облека пред да ја носите навистина има смисла, а за самата долна облека и за хигиенските услови што ги бара, непотребно е да се зборува.