Дали некогаш сте посегнале по тегла од омилениот џем или кисели краставички, но кога ќе се обидете да ја отворите, капакот не се помрднува?
Многумина ја доживеале оваа ситуација многу пати во животот. Понекогаш по многу труд конечно успеваме да го отвориме капакот, а понекогаш се откажуваме затоа што капакот е заглавен како да сте ставиле супер лепак. Во секој случај, отсега нема да морате повеќе да се мачите. Постои едноставен и лесен начин да ја отворите теглата без мака.
Сè што треба да направите е да го ставите горниот дел од теглата со капакот под млаз топла вода. Топлината ќе го омекне капакот, па малку ќе „попушти“.
Можете исто така да наполните сад и да ја потопите теглата во него, така што капакот ќе биде под вода. Ќе го добиете истиот резултат.