Даниел Редклиф се прослави со улогата на животот, но признава: „Застрашувачки е да се има дете“

popara12 октомври, 20231min00
o_30783789_1280

Откако доби син со долгогодишната партнерка Ерин Дарк, Даниел Редклиф ужива во родителството. Уште пред да дојде малиот на свет во април годинава, тој најави дека ќе биде попребирлив при прифаќањето на новите улоги.

„Отсекогаш сум бил пребирлив, но мислам дека веројатно ќе работам малку помалку во следните неколку години“, изјави актерот од Хари Потер. Фактот што се прослави и досега заработи околу 115 милиони долари, му остава завиден простор да ги избере улогите што го интересираат, иако тоа нема значително да му ја здебели банкарската сметка. На пример, минатата година се појави во насловната улога на филмот „Wеird: The Al Yankovic Story“ за холивудскиот забавувач и текстописец чиј татко е од поранешна Југославија, а за филм кој дефинитивно не е блокбастер, тој помагал да се напише сценариото.

Преслаткото момче, чие име не го откри, го поттикна уште повеќе да забави. Често може да се види во Њујорк со својата партнерка, во која се заљуби во 2013 година, на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“, како се шета со синот во носач или турка количка.

„Навистина сакам да поминувам време со него и мислам дека ќе ми недостига она што го имаме сега кога ќе се вратам на работа подоцна во текот на годината“, изјави тој за E! Онлајн. Тој откри и дека понекогаш за него е страшно да се биде родител.

image

„Искрено е страшно да имаш човечко суштество за кое толку многу се грижам и дека сè што прави ќе влијае на тоа како се чувствувам за мојот живот“, рече тој.

Иако му е прво дете, тој сподели совети за родителите за придобивките од „селективната меморија“ на родителот, како неговата.

„Фактот дека постои суштество на светот што може да ти ја даде најлошата ноќ во животот, а потоа се будиш наутро и одиш кај твоето бебе, а тоа се врти и ти се насмевнува, тебе веќе не ти е гајле за ништо од работите низ кои штотуку сте поминале. Прилично е кул“, заклучил актерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag