Два едноставни трикови за борба против ЖЕЛБАТА ЗА ШЕЌЕР

popara31 мај, 20231min00
47b0015004f77149ca58e72180bcbb7d5db48550

Копнежот за слатки е вистински. Но, причините овде не се само психолошки, туку и доста физички. Колку повеќе шеќер јадете, толку повеќе шеќер сака вашето тело – така што станува циклус кој не завршува. Но, постојат два едноставни трикови со кои можете да се ослободите од желбата за шеќер.

Првиот се однесува на мирисите. Студијата во која научниците тестирале различни мириси за да видат дали одредени мириси можат да ја намалат желбата за чоколадо и друга слатка храна и пијалоци, дошла до интересен резултат.

Од сите учесници, оние кои носеле фластер со мирис на ванила на раката покажале најголемо слабеење. Според студијата, ванилата им помогнала на овие луѓе подобро да контролираат што јадат и да поддржат позитивни промени во нивната исхрана. Ова може да биде затоа што мирисот предизвикува ослободување на серотонин, кој може да го намали гладот. Така можете да имате при рака парфем или спреј од ванила и да го мирисате секогаш кога ќе ви се пријаде благо.

Има и друг трик кој е исто така едноставен. Наместо да посегнете по слаткото задоволство, земете портокал, грејпфрут или кое било друго омилено цитрусно овошје и грицкајте го.

Студијата покажа дека два флавоноиди во ова овошје (нарингенин и хесперидин) можат да помогнат во балансирање на нивото на шеќер во крвта. Со намалување на количината на инсулин потребна за одржување на оваа рамнотежа, помала е веројатноста да почувствувате желба за слатка храна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag