Двојниот ајлајнер го полуди светот на шминката: Еве како најбрзо и најлесно да го нанесете

popara27 септември, 20237min00
61081_screenshot-269_f

Трендовите за убавина постојано се менуваат, а слично како и во светот на модата, шминкерите често наоѓаат инспирација во минатото. Порано беше честа појава во одреден временски период да доминира еден специфичен изглед, па специфичните фризури или методи на шминкање лесно можеме да ги поврземе со одредена деценија. Денес сме инспирирани од двојниот ајлајнер кој беше главниот трик за шминкање во текот на шеесетите години на минатиот век.

Црниот ајлајнер е еден од производите за шминка што непогрешливо го поврзуваме со изминатиот век со причина. Иако начинот на неговата примена се менуваше со текот на времето, изразената црна линија која ги врамува и истакнува очите во некоја форма е присутна на многу икони од тоа време. Двојниот ајлајнер владееше во шеесетите, а често можевме да го видиме на тогашните филмски ѕвезди, и европски и холивудски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Loren (@sophialorenoriginal)

Брижит Бардо им го донесе овој тренд на Французинките, а потоа се прошири дополнително благодарение на популарноста на филмовите во кои тие се појавија.

Како да нацртате двојни линии на окото?

За да го рекреирате овој изглед, ќе нацртате линија на ајлајнер и на горниот очен капак и по долниот раб на окото. Последниот чекор е најважен, па затоа ќе биде потребно да се прошири долната линија со коса четка за да биде паралелна со горната, но да не се спојува. Степенот до кој ќе ги разделите ќе зависи од обликот на вашите очи и до кој степен сакате да ги истакнете и да го продолжите нивниот изглед.

Овој трик за убавина прави големо враќање и не се сомневаме дека ќе го гледаме како тренд на шминкање на бројни ѕвезди и инфлуенсери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LENA (@lenkalul)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag