Девојката на Бред Пит прошета во модна класика: Секоја жена треба да ги има овие фармерки

popara10 август, 20231min00
ines de ramon

Инес Де Рамон не греши при изборот на облека

Секоја сезона имаме можност да погледнеме нови колекции на облека, накит и аксесоари, но што носат дизајнерите кои ги создаваат истите овие колекции и ги диктираат модните трендови?

Дизајнерката на накит Инес де Рамон, која неодамна започна врска со познатиот холивудски убавец Бред Пит, е сликана во модна класика која ја покажа нејзината витка фигура. Таа избрала невидена комбинација на фармерки и тесна бела маичка.


Како и многу познати дами, Инес се одлучи за фармерки со широки ногавици кои ја издолжуваат фигурата и прават нозете да изгледаат послаби. Стилистите сметаат дека секоја жена треба да го има овој модел на фармерки, бидејќи тие и ласкаат на фигурата.


Оваа модна комбинација ја заокружила со црни чизми на потпетици и црна чанта.

Кога станува збор за накитот, Инес се одлучила за нежен златен синџир со привезок.