Луксузните брендови од 25 септември започнаа да ги претставуваат своите нови колекции на Модната недела во Париз. Градот сега постојано е полн со познати актери, пејачи и манекенки
Меѓу познатите личности на модната ревија на „Сен Лоран“, беше присутна и актерката Деми Мур, која имаше проблем со нејзината облека додека беше фотографирана, пишува „Пејџ сикс“.
Холивудската ѕвезда се појави во проѕирен црн фустан, кој имаше дополнителен слој над нејзините гради. Но, додека позираше пред фотографите, таа случајно ги покажа градите.
Имено, Деми ја подигна раката за да ја намести својата коса, па од под проѕирниот црн фустан ненамерно ѝ ѕирнаа градите.
Очигледно тоа не ѝ пречеше, бидејќи таа продолжи да позира и да се насмевнува пред камерите.
И покрај ова, Деми изгледаше прекрасно во нејзиниот црн долг фустан со долги ракави, што го надополни со сјајни црни потпетици, црна чанта и црни очила за сонце. Нејзиното тело е во одлична форма, и покрај тоа што актерката набрзо ќе го слави својот 61 роденден.