Астрологијата открива на кои знаци ќе им донесе среќа прекинот на ретроградното движење на Марс.
На 20 август минатата година, Марс влезе во Близнаци и така ќе остане до 25 март 2023 година. Не е вообичаено една планета да поминува толку време во еден знак, а тоа во моментов се случува поради ретроградниот од на Марс кој ќе трае до 12 јануари.
Ваквото движење на многумина им ја отежна концентрацијата и им донесе расправии и проблеми во комуникацијата.
Ако сте се откажале, сте ја изгубиле волјата и сте престанале да бидете оптимисти, сигурно сте родени во некој од следните знаци. В четврток конечно ќе се чувствувате подобро. Ќе станете енергични, ќе добиете мотивација и нова енергија.
Хороскопот открива кои знаци ќе почувствуваат најголемо олеснување:
БЛИЗНАЦИ
Ретроградниот Марс е во вашиот знак, што значи дека тој сигурно имал најголемо влијание врз вас. Можеби сте почувствувале дека не можете да одморите, што резултираше со бројни конфликти, нервоза и песимизам. Кога Марс ќе престане со својот ретрограден тек, ќе почнете да постигнувате сè што сакате. Наздравете, пред вас се нови почетоци!
ДЕВИЦА
Многу Девици не успеаја да ги постигнат своите цели во изминатите неколку месеци, поради што се соочија со неуспеси. Затоа решија да го зголемат нивото на одговорност, но стресот ги надвладеа. Директното движење на Марс носи олеснување во четврток и ќе ве натера да си поставите нови долгорочни цели кои лесно ќе ги постигнете. Очекувајте ја новата енергија!
РИБИ
Ретроградниот Марс разбуди многу емоции кај луѓето родени во знакот Риби. Немаа поддршка од блиските луѓе и голема е веројатноста дека се соочиле со семејни проблеми кои ги исцрпија. Сега конечно ќе почувствувате кој е со вас и кој ви дава ветер во грб, а тоа ќе ви помогне да се впуштите во нови потфати и предизвици. Подгответе се!