Ако ви се јаде нешто слатко, тогаш можете да направите тарт со сливи и ќе имате неодолив десерт.
Состојки:
500 гр пакување лиснато тесто
1 кг сливи
150 гр лешници или ореви
300 гр шеќер
три јајца
Подготовка:
Развлечете го лиснатото тесто, ставете го во подмачкана тава и избоцкајте го со вилушка на неколку места.
Одозгора наредете ги половините од исчистените сливи и посипете ги со неколку лажици шеќер и мелените лешници или ореви.
Печете околу 20 минути, извадете од рерна, па покријте со изматените јајца и остатокот од шеќерот. Печете уште 15 минути.
Пријатно!