Пет неверојатни начини за користење на ХИДРОГЕН: Чини помалку од 50 денари, а може да замени многу поскапи средства

popara25 февруари, 20231min00
1805b4b02f8ba736ad005ce4e1dc5dd100a4c23a

Евтина течност која може да се користи за многу работи

Хидрогенот отсекогаш се сметал за сосема безбеден и природен антисептик. Покрај тоа што е евтин, тој е и високо ефективна алатка што треба да ја има секое домаќинство. Со помош на раствор на водород пероксид (хидроген), не само што може да се дезинфицираат раните, туку може да се користи на толку многу различни и корисни начини.

Ви пренесуваме неколку начини на кои можете да го користите хидрогенот во вашето домаќинство.

  1. Исчистете ги бактериите од овошјето и зеленчукот

Еден од најдобрите начини да се отстранат некои микроорганизми кои предизвикуваат болести од кората на овошјето и зеленчукот е со три процентен хидроген. Направете мешавина од еднакви количини вода и овој хидроген и потопете ги овошјето и зеленчукот. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со чиста вода.

  1. Огледало без дамки

Кога ќе ви снема средство за чистење стакло, користете хидроген. Земете хартиено марамче, испрскајте го со три процентен водород пероксид и исчистете го огледалото. Ќе ги отстрани сите дамки, дури и најтврдокорните, а огледалото ќе свети како ново.

  1. Избелете ги пожолтените алишта

Белите крпи, чаршафите, чорапите и маичките со текот на времето добиваат жолтеникава боја. Вратете им ја белината и сјајот со истурање половина шолја хидроген во циклусот на плакнење на машината за перење наместо избелувач за ткаенина. Ќе го добиете истиот ефект за помалку пари.

  1. Исчистете го фрижидерот

Кога го средувате фрижидерот, извадете ја целата храна од него, а потоа испрскајте го со хидроген. Оставете да делува 15 до 20 минути, а потоа избришете со чист сунѓер. Лесно ќе ги отстраните дамките, а ќе исчезнат и непријатните мириси. Можете да го направите истото со машината за миење садови.

  1. „Убијте ја“ мувлата

Како што веќе спомнавме, водородот ги убива бактериите, но ги елиминира и габите како мувлата. Затоа, земете шише со хидроген и испрскајте ја бањата, подот, ѕидовите, па дури и завесата за туширање. Тој „звук на шушкање“ ќе биде доволен доказ дека пероксидот си ја врши работата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma