Ѕвездата на „Modern Family“ ја поднесе тужбата во понеделникот, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за нивното разделување, исто како и нејзиниот наскоро и законски поранешен сопруг.
Во документите на Вергара, до кои дојде Пејџ Сикс, стои дека „накитот, уметничките дела и другите лични предмети“, како и целата заработка што ја заработила пред, за време и по датумот на разводот, и припаѓаат на Вергара. Заедничкиот имот на двојката ќе биде поделен според нивниот предбрачен договор, а и Манганело и Вергара се согласија да ги платат своите правни трошоци.
Да потсетиме, странските медиуми кон средината на јули ја објавија веста дека Манганело (46) и Вергара (51) и ставиле крај на љубовта по седум години брак.
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашиот живот“, се вели во заедничкото соопштение.
Неколку дена подоцна, Манганело поднел барање за развод додека Вергара го прославувала својот роденден во Италија.