Арчи и Лилибет, децата на Меган и Хари ги добија кралски титули. Тие официјално се означени како принц и принцеза.
По изјавата од претставник на Хари и Меган дека тоа е нивно право од раѓање, кралот Чарлс одлучи тоа да биде означено и на официјалната страница на Бакингемската палата.
„Титулите на децата се нивно право откако нивниот дедо стана Монарх. Ова прашање е решено веќе извесен период во согласност со Бакингемската палата“, изјавил портпаролот.
Арчи и Лилибет се на 6-то и 7-мо место во линијата престолонаследници.
Лилибет во средата беше официјално крстена во Калифорнија. На церемонијата не беа присутни никој од кралското семејство.