ДЕЈВИД БЕКАМ ГИ ШОКИРАШЕ ФАНОВИТЕ: Направи уште една тетоважа посветена на Викторија – на средниот прст!

popara21 септември, 20234min00
338879_dejvidbekam_ls

Заедно со неговиот 18-годишен син Круз, Дејвид Бекам овој месец направи нова тетоважа, посветена на неговата сопруга Викторија. Исто како што Круз на својот лактот го истетовира прекарот на мајка си од ерата на Спајс Грлс, Бекам сега реши да напише „Пош“ на своето тело.

48-годишната фудбалска легенда го стави прекарот на својата сопруга на средниот прст од левата рака, каде што ги „спојува“ другите тетоважи, меѓу кои и онаа од пајак направена на зглобот на средниот прст.

Тетоважата всушност беше „зближување“ на татко и син, бидејќи истиот ден во истиот салон за тетоважи, холивудскиот Shamrock Social Club, Круз имаше истетовирано ангел на неговата нога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Дејвид има повеќе од 60 тетоважи на своето тело, а неколку од нив и посвети на Викторија – од нејзиното име до нејзината илустрација во долна облека, која му ја краси раката, како и 10 рози кои ги истетовирал на 10-годишнината од нивниот брак во 2009 година.

Дејвид и Круз не се единствените членови на семејството Бекам кои лудуваат по тетоважи. 24-годишниот Бруклин го украси своето тело со 100 тетоважи, од кои огромното мнозинство се посветени на неговата сопруга Никола Пелц.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma