Газираните сокови без шеќер се претставени како здрави, но тоа не е медицински точно. Ова го тврдат лекарите од клиниката „Кливленд“, која е една од најпознатите во светот. Тие велат дека газираните сокови без шеќер промовираат зголемување на телесната тежина, како и промени во нивото на инсулин, па дури и може да го променат начинот на кој мозокот реагира на слатките.
Но, ни овошните сокови без шеќер не се многу подобри. Затоа најдобро е воопшто да ги избегнувате готовите сокови доколку се грижите за вашата фигура и здравје. Постојат и други пијалоци кои се добри за телото, како што се пијалоците од комбуха, кокосова вода, а има и пијалоци со јаболков оцет. Можеби наједноставното и најдобро решение е едноставно да ставите неколку овошја (малини, лимон, портокал) или лековити растенија, како нане, во водата и да уживате во навистина здрав пијалок.