Ако го сакате овој леден десерт, диетата со сладолед звучи навистина феноменално. Дали сега помислувате: Можам да јадам колку сакам сладолед и ќе изгубам килограми?
Е па за жал оваа диета не е таква, но ви дозволува да јадете дневно одредени количини сладолед, но сепак не и цел ден да јадете сладолед.
Сладолед диетата е диета од околу 1.250 калории која ви овозможува да јадете сладолед секој ден, да губите тежина константно, но мора да обрнете внимание на големината на порцијата.
Жените кои се на диета може да изедат една мала порција сладолед дневно, а на мажите им е дозволено (дури) една мала порција и уште една половина. Исто така се препорачува да јадете сладолед со намалена масленост кој има 125 или помалку калории по оброк односно по порција. Затоа е неопходно да почнете да ги читате декларациите и сигурни сме дека ќе бидете прилично изненадени како варираат калориите во различни видови сладолед. Секако, домашниот сладолед е најдобро решение.
Пример на мени 1
Појадок: Една шоља житни снегулки прелиени со едно лажиче мед, една шоља боровница и една шоља млеко со намалена маселност
Ручек: Сендвич со две парчиња интегрален леб, парче зелена салата и 75 гр туна. По желба додадете и парчиња домат и мелен босилок како зачин
Ужина: Шоља млеко со намалена масленост и едно овошје
Вечера: Едно големо парче пица со сирење и мешана салата
Десерт: Една мала порција сладолед
Пример на мени 2
Појадок: 75 гр младо сирење, 2 тоста од интегрален леб, 1 мандарина, шоља чај
Ручек: Грилувани пилешки гради (150 гр), парче од интегрален леб, голема салата од сезонски зеленчук
Ужина: Шејк од 2,5 дл домашен ќефир (или јогурт) и пола шоља малини или капини или боровници (со еден збор – бобичесто овошје кое го имате)
Вечера: 200 гр печурки печени во тефлон, 25 гр шунка, шоља обарен мешан зеленчук (карфиол, морков, млада боранија, грашок…) и 1 домат како салата
Десерт: Еден мала порција сладолед
Сладолед диета – додатни напомени
Значи, ќе можете да јадете сладолед секој ден, а добро избалансираното мени ќе ви овозможи калорискиот внес да се држи под контрола. Вториот дел од сладолед диетата вклучува физичка активност (барем 30 минути брзо шетање секој ден), иако тоа се препорачува без оглед која диета ја користите.
Кога сте на сладолед диета, советуваме да јадете различни хранливи намирници кои се богати со влакна заедно со овошје, зеленчук и секако со дневната порција сладолед. Можете да јадете разни видови на сладолед, но сепак најдобро е да се држите во прв ред до поздравите, домашни сладоледи кај кои може да ја контролирате и количината на калориите кога ги подготвувате.
Дали сладолед диетата е ефикасна?
Сладолед диетата ја пробале доста луѓе и сите тие тврдат дека оваа диета функционира. Колку точно килограми се губат сеуште не е точно утврдено, бидејки е во прашање релативно нова диета но во просек тоа се околу 2 килограми неделно што со навистина богато мени, не е ни малку лошо.
Ако се одлчите да ја испробате оваа диета, мора да проверите дали ви одговара. Сладолед диетата апсолутно ќе функционира ако ја разбирате и ги следите упатствата кои ви се дадени. Инаку,оваа диета го добила ова име за да привлече внимание, но таа всушност претставува многу разумен пристап кон слабеењето, а тоа е вежбање и броење на калориите.