Диета со слатки или брза храна? Експертите објаснуваат зошто таа може да биде корисна

popara3 август, 20231min00
d41e031d8cad51415e3d0c9921eb447091c581ff

Дали јадете храна богата со масти или јаглехидрати? Многумина не знаат дека млад организам лесно ги прифаќа двата извора, но кога старееме, стануваме метаболички нефлексибилни.

За да се одржи способноста за адаптација на метаболизмот, добро е одвреме-навреме да се „збуни“ телото. Тоа значи дека треба да го менуваме бројот на калории и видот на храната што ја јадеме секој ден.

– Кога телото ќе застане на платото кое често ги мачи луѓето на диета или на тренинг, треба да се предизвика – и физички и метаболички – вели д-р Иан Смит. Еден начин е цикличната диета со јаглени хидрати.

– Секоја недела почнувате со диета богата со јаглехидрати и таа трае два дена – вели д-р Смит, автор на книгата и диетата „Мет-Флекс“.

– Потоа следуваат пет дена јадење со мали количини јаглени хидрати, но тоа не треба да се меша со кето диетата. Нема потреба телото постојано да е во кетоза. Напротив, циклично влегувате и излегувате од неа, за да го поттикнете телото повторно флексибилно да ја користи енергијата од мастите и јаглехидратите.

Ваквите промени, тврдат многу нутриционисти, се извонредни за да се излезе од стагнација и да се продолжи со слабеење. Затоа, ако веќе сте успеале да се ослободите од дел од вишокот, а потоа сте застанале и покажувачот на вагата „не мрда“, пробајте ја оваа диета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma