Спалната соба е многу важна просторија, особено затоа што во неа се релаксираме и одмораме, па затоа при уредувањето треба да внимавате на некои работи за да биде што поудобна. Дизајнерите открија во кои бои никогаш не треба да ги боите ѕидовите во просторијата.
Светло жолта
Дизајнерката на ентериер Ема Берил препорачува да се избегнува светло жолта боја. „Постојат неколку бои кои би им кажала на луѓето да ги избегнуваат бидејќи секој има уникатен вкус. Сепак, една боја има негативни ефекти, а тоа е светло жолтата. Оваа боја може да си поигра со вашиот мозок и да го измами да мисли дека надвор е ден или дека е време да се разбудите бидејќи светло жолтата го „имитира“ сонцето. Луѓето кои имаат светло жолти ѕидови во собата имаат тенденција да не можат да заспијат ноќе“.
Меѓутоа, ако навистина сакате светло жолта, Берил препорачува да ја изберете таа боја за ѕидовите во бањата или трпезаријата, пишува RealSimple.
Црвена и портокалова
Секој ѕид се истакнува кога е во јарки, топли бои како црвена и портокалова. Сепак, овие бои се погрешен избор за просторија која треба да има смирувачки ефект, смета дизајнерката на ентериер Ени Делапорте.
Од друга страна, овие енергични бои се одличен избор за простории како кујната или просторијата што служи како домашна канцеларија, според дизајнерот на ентериер Шеј Холанд.
Црна
Црното едноставно не ја создава вистинската атмосфера. „Иако пештерското, модерно чувство е секако вид на ескапизам, тоа не предизвикува благосостојба и ослободување од стрес, што всушност ви треба“, објасни Холанд.
Која боја да се избере?
Дизајнерката на ентериер Линет Даи истакнува дека никогаш не можете да погрешите со белата боја.