Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали стана татко по шести пат. Се роди момче, кое 82-годишниот го нарече Џорџо, со благослов на неговата горда мајка Сандра Бергман, 38-годишна поранешна шведска манекенка и модел на Плејбој. “Детето се роди минатата недела во Фиренца. Тој е здрав и убав. Ме преплавија емоции кога го видов. Неговото име е исто како и на неговиот дедо, мојот татко”, рекол тој и додал дека го загубил татко му во трагични околности за време на Втората светска војна.
Дизајнерот беше во брак двапати, а Сандра Бергман му е партнерка веќе десет години. Иако ги дели значајна разлика во години – 45 години – се чини дека сепак уживаат. Како да не е така, кога богатството на Роберто Кавали се проценува на 500 милиони долари, па во 2015 година немал проблем да ѝ го купи на Сандра приватниот остров Стора Рулинген во нејзината татковина. Станува збор за имот од 2,2 милиони фунти на околу 50 наутички милји источно од Стокхолм: островот има вила со четири спални соби, ловечка куќа, базен, минијатурен терен за голф и бесценета историска знаменитост: остатоци од викиншка тврдина.
Наводно, шведскиот модел почнала да се гледа со дизајнерот во 2010 година, кога се разделил од својата втора сопруга, дизајнерката Ева Марија Диренер, со која имал три деца: Рејчел, Роберт и Даниела. Во неговиот прв брак со Силванела Џанони, наследничка на богато семејство од Фиренца, со која се оженил во 1964 година, тој имал две деца, Томазо и Кристина. Тие се разведоа по десет години брак.
Сандра Бергман учествуваше на скандинавскиот натпревар во Топ модел, победи на неколку натпревари за убавина, се гордее со титулата шведска Мис Хавајски Тропик пред да стане девојка на месецот на познатото машко списание во јануари 2008 година. Но, на патријархот на модната империја не му е грижа што мислат другите за неговата врска.