Ди Каприо ѝ забрани на поранешната да влезе на неговата роденденска забава: Манекенката „ја бакна вратата“, еве што тој му нареди на обезбедувањето

popara14 ноември, 20231min00
Screenshot_3

Поранешната девојка на холивудскиот срцекршач Леонардо Дикаприо се појави на неговиот роденден, а потоа, пред сите, ја дочека студен туш и понижување кое не го очекуваше.

 

 

 

Славниот актер Леонардо Дикаприо приреди голема забава по повод својот 49-ти роденден на која ја собра холивудската елита, па меѓу првите се појавија Ким Кардашијан, Лејди Гага, Салма Хајек, Бијонсе и Џеј Зи, како и многу други, а посебно место ѝ припадна неговата нова избраничка, манекенката Виторија Черети.

 

Меѓутоа, луксузната прослава во Беверли Хилс не поминала без „инциденти“, а во главната улога била прекрасната Викторија Ламас, ќерката на Лоренцо Ламас, најпознат по улогата во серијата „Соколов гребен“ (Falcon Ridge), и мајката на Шауна Санд, актерка и поранешна зајачица на „Плејбој“.

Викторија која е родена во 1997 година, што значи дека е родена две години по „Титаник“, филмот кој го прослави Дикаприо, беше со актерот во романса кон крајот на минатата година, а за нивната врска се шпекулираше сè до пред неколку месеци.

 

Меѓутоа, отпосле актерот беше виден со италијанскиот топ модел Виторија Черети, со која ја потврди врската кога беа фатени додека страсно разменуваат нежности на улица.

Затоа сите биле изненадени од доаѓањето на младата Викторија Ламас, а многумина се прашуваат дали имала покана или решила сама да дојде и да го придобие актерот.

 

Меѓутоа, кога се појавила на местото на прославата, грубо била одбиена на влезот пред сите, а извори за „Дејли мејл“ потврдиле дека списокот на гости строго се спроведувал.

 

Викторија Ламас се појавила во комбинезон и црн топ од тантела, врз кои облекла долго палто, но ниту секси изданието не ѝ помогнало да ја пуштат на прославата.

 

Видно нерасположена и разочарана, таа извесно време стоела со својата пријателка пред местото на роденденската прослава, што папараците веднаш го забележале, по што се оддалечила обидувајќи се да го скрие својот срам.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma