Актерката Хали Бери присуствуваше на модната ревија на Мајкл Корс во рамки на Модната недела во Њујорк, каде американскиот дизајнер ја претстави колекцијата за пролет/лето 2024.
За ревијата на Мајкл Корс, Хали Бери избрала црн фустан со длабоко деколте и високи шлицови. Креацијата била со долги ракави, исто така, со шлиц, а актерката го комплетирала изгледот со дебел кожен ремен со дезен од змиска кожа и метални аксесоари.
Високите црни чизми одлично се вклопиле во „вамп изданието“ со кое Бери докажа дека сè уште е божица на црвениот тепих.
На овој гламурозен настан во Њујорк присуствувал и партнерот на Бери, музичарот Ван Хант.