ОВЕН (21. III – 19. IV)
Живеете во неизвесност и тешко ви е да правите планови. Не грижете се, најубавите можности за вас ќе се раѓаат доколку се движите спонтано низ денот. Тие нема да дојдат на места каде вообичаено ги барате, туку на места на кои никогаш досега не сте погледнале.
Најдете начин да внесете поголема предвидливост во вашите денови. Кога ќе знаете што ве очекува зад аголот, грижите ќе ви се намалат.
БИК (20. IV – 20. V)
Вие сте личност со која е лесно да се разговара. Ги разбирате и сакате луѓето, а денес тие ќе ви возвратат на љубовта која им ја давате. Ви претстои прекрасен ден, полн со емоции, па подгответе се и да пролеете неколку солзи.
Дајте ѝ шанса на вашата интуиција кога носите љубовни одлуки. Вашето срце знае што ви е потребно за да бидете среќни.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Научете да ги контролирате емоциите за да не дозволите тие да ве контролираат вас. Денес можно е да кажете нешто што не го мислите во момент на лутина или фрустрација. Устата ќе ви биде побрза од умот.
Ова е одличен ден за да истражувате нови територии и да пробате нови нешта. Секое ново искуство ќе ве прави побогати.
РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе сакате да уживате во префинетите и убави нешта кои ни ги нуди животот. Ќе го барате само најдоброто за себе и ќе забележите дека визуелно привлечните нешта ве усреќуваат повеќе од вообичаено.
Не, воопшто нема да ви пречи да работите двојно понапорно за да го добиете она што го сакате.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес нема да можете да го пронајдете решението за некој проблем и ќе чувствувате како да ја губите контролата. Тоа не е воопшто точно. Вистината е дека во моментов одговорите се скриени од вас, но наскоро ќе ги пронајдете, бидете трпеливи.
Одморете си го умот вечерва. Обидете се накратко да не мислите на ништо или потонете во вашата омилена музика или во омилената серија. Оставете ги грижите настрана.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Вашата трудољубивост и вашата дисциплинираност конечно ќе бидат наградени. Денес ќе ги соберете плодовите од семињата кои ги сеевте во изминатиот период. Ќе се гордеете кога ќе помислите од каде тргнавте, а каде стигнавте.
Научете се да штедите пари. Секогаш е добра идеја да имате кеш настрана, особено сега.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Во одлична позиција сте да направите позитивни промени во животот на член од семејството. Подајте им рака на вашите најмили кога гледате дека поминуваат низ тежок период. Тие нема да ви ја заборават добрината.
Излезете и забавувајте се вечерва. Вложете повеќе енергија во вашите пријателства.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Има сон кој долго го сонувате, а денес ќе ви се пружи шанса да го реализирате. Нема да имате долго време за размислување, треба брзо да ги користите можностите кои прелетуваат пред вашите очи. Не дозволувајте конкуренцијата да ве превари.
Мислете повеќе на вашето здравје. Избегнувајте ги стресните ситуации и грижете се за себе.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Издишете со олеснување. Ќе оставите зад себе проблем кој долго време ви ги окупирал мислите и ви го крадел мирот. Сега е време да тргнете кон нештата што сакавте да ги постигнете во животот.
Некој постојано ќе ве охрабрува и ќе ви дава поддршка. Голема е веројатноста таа личност да има романтични чувства кон вас.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Прекрасно е да се чувствувате самоуверено во сопствената кожа, зарем не? Денес ќе се погледнете во огледалото и ќе ви се допадне она што ќе го видите. Нема да дозволувате другите луѓе да ви диктираат во кој правец ќе одите.
Стремете се кон јаснотија во комуникацијата со најблиските. Не дозволувајте нештата да останат нерасчистени.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес ќе бидете како темпирана бомба која може да експлодира во секој момент. Престанете да собирате сè во себе, започнете да разговарате за проблемите, за чувствата и за мислите кои ви минуваат низ глава. Олеснете си ја душата пред личност на која ѝ верувате.
Многу е важно да имате покрај себе личност која умее да ви ги избрка сомнежите и стравовите кога тоа ви е најпотребно.
РИБИ (19. II – 20. III)
Да, можете да споделувате совети колку што сакате, но не можете да очекувате дека луѓето секогаш ќе ги следат. Денес потребно е да им кажете на најблиските дека сте тука за нив, без да им создавате притисок да постапуваат како што вие им кажувате.
Во љубовта сте онаму каде што сакате да бидете. Ќе бидете среќни со љубовниот статус и нема да сакате ништо да промените.