ОВЕН (21. III – 19. IV)
Пријател или нешто повеќе? Денес романтичарката Венера ќе започне да го разубавува вашиот сектор на групните активности, засилувајќи ја хемијата меѓу вас и некој што го гледавте само како пријател. Некои овни љубовта ќе ја запознаат преку член на нивното друштво.
Ако сте веќе во врска, фатете го партнерот и излезете. Колку почесто ќе бидете во големо друштво, толку позадоволни ќе бидете и двајцата.
БИК (20. IV – 20. V)
Венера, планетата на љубовта и убавината, денес ќе започне патување во вашата 10-та куќа на долгорочното планирање. Подгответе се за сериозни разговори за иднината со партнерот. Важни компромиси ќе бидат направени под денешното небо.
Биковите со статус сингл ќе запознаат некој специјален со потенцијал за долга врска. Сериозноста ќе биде секси за вас.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Подготвени сте за зимска авантура? Денес романтичарката Венера ќе се пресели во вашата 9-та куќа на патувањата, советувајќи ве накратко да избегате со партнерот од монотоното секојдневие. Бидете спонтани, кажете им ДА на шансите.
Некои близнаци со статус сингл ќе бидат освоени од личност од друга временска зона. Спротивностите ќе се привлекуваат во овој период.
РАК (21. VI – 22. VII)
Денес Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе премине во вашиот сектор на интимноста и силните чувства. Нема да можете да им одолеете на допирите на партнерот и тие секојпат ќе завршуваат со страсна игра во спалната соба. Сексуалната хемија ќе ви биде на максимум.
Соло сте? Некој кој до вчера само сте го симпатизирале, сега постојано ќе ви шета во м
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Уф, каков почеток на годината! Денес страсната Венера ќе започне патување во вашиот сектор на љубовта, поврзувајќи ве со личност која ќе ви го освои срцето. Да, новата година ќе ви донесе и нови љубовни почетоци.
Лавовите кои се во врска ќе му посветуваат на партнерот сè повеќе време и внимание. Односите ќе ви бидат хармонични и топли.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Нова година, нова шанса да станете личноста што отсекогаш сакавте да бидете. Денес Венера ќе започне да го разубавува вашиот сектор на здравјето и фитнесот, повикувајќи ве да влезете во топ форма. Кажете им збогум на непотребните калории.
Венера ќе ве научи како правилно да ја негувате вашата кожа, вашето тело и вашиот ум, дистанцирајќи се себеси од стресните ситуации. Здраво квалитетен сон!
ВАГА (23. IX – 22. X)
Главата ќе ви биде подигната, телото исправено, самодовербата огромна, а појавата моќна. Денес убавата Венера ќе започне патување во вашата 5-та куќа на страста и романсата, правејќи ве вистинска заводничка. Ова е БУМ во вашиот љубовен живот.
Разгорената страст кај некои ваги ќе кулминира со позитивен тест за бременост. Дали сте подготвени да запливате во родителските води?
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Трагата по идеален дом? Епа, во претстојниот период можеби ќе го пронајдете, благодарение на позитивното влијание на Венера во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Многу шкорпии ќе започнат потрага по идеи за да го разубават своето живеалиште.
Ова за вас ќе биде и сентиментален период. Нема да можете да ги скриете емоциите, бидејќи тие ќе бидат испишани на вашето лице.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Не, љубовта нема да ја пронајдете преку граница, таа е поблиску до вас отколку што си мислите. Денес романтичарката Венера ќе започне патување во вашата 3-та куќа на локалните случувања. Најубавите можности за вас ќе се раѓаат кога сте блиску до дома.
Ако сте веќе во врска, ќе започнете да се дружите со ново друштво или ќе ги обновите контактите со друштво од вашето минато. Одете на најголемите забави заедно со саканиот.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Љубов на работното место? Зошто да не? Денес убавата Венера ќе започне патување во вашиот сектор на работата, па голема е веројатноста да се вљубите во колега, клиент или соработник.
Ако сте веќе во врска, ќе решите со партнерот проблем поврзан со финансии или ќе започнете разговор за заеднички бизнис. Покажете зрелост.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Никогаш не постоел поубав период во љубовта за вас. Денес Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе влезе во вашиот знак и ќе ви ја истакне уште повеќе природната убавина. Нема потреба да ставате слоеви пудра, насмевката ќе ви биде најубавата шминка.
Очекувајте зголемување на популарноста, нови додворувачи и безброј комплименти. Ова е идеален период за промени во надворешниот изглед.
РИБИ (19. II – 20. III)
Збогум несреќни љубови! Денес сентименталната Венера ќе започне патување во вашиот сектор на завршетоците, ставајќи крај на сè што ве мачи. Венера ќе ве научи повеќе да се цените себеси и да се борите за она што го заслужувате.
Ова е среќен период за вас, бидејќи ќе го гледате најдо