Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај
Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин следниот месец.
Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”.
Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај.
Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „NME“.