Доаѓа филм за скандалот: Од шокантното интервју до нечесниот пад на принцот Ендрју

popara12 февруари, 20231min00
f_27927039_1280

Како дојде до бомбастично интервју со британскиот принц Ендрју во емисијата „Newsnight“ на Би-Би-Си во која тој зборуваше за неговото пријателство со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епштајн, точно ќе покаже филмот „Scoop“ на Нетфликс, кој штотуку почна да се снима. Обесчестениот благородник ќе го игра Руфус Севел, а Џилијан Андерсон ќе ја игра главната водителка на „Newsnight“ Емили Мајтлис, објави Дедлајн. „Scoop“ открива што се случувало зад сцената на едно од најшокантните интервјуа на Би-Би-Си, а се базира на книгата „Scoops: Behind The Scenes of the BBC’s Most Shocking Interviews“ напишана од Сем Мекалистер, продуцентот на шоуто. Токму таа преговараше за настапот на принцот, во кој тој се обиде да се измие од се погласните обвинувања дека е пријател со педофил и дека имал секс со малолетничка.

Сега е предоцна за жалење

За да се обезбеди медиумскиот настан што доведе до наглиот пад на тогаш омилениот син на Елизабета Втора, неопходно беше да се пробијат речиси непробојните ѕидови што го штитат британското кралско семејство. Книгата и филмот ја изложуваат работата на Бакингемската палата и Би-Би-Си, две упоришта кои верно го чуваат британскиот естаблишмент, а некои од откритијата може да ги остават гледачите без зборови, исто како што ги остави интервјуто на посрамениот принц во ноември 2019 година, неколку месеци откако Епштајн го зеде својот сопствениот живот во затвор.

image

Моќ и привилегија

Филмот е во режија на Филип Мартин („The Crown“), кој е пресреќен што може да го донесе на екранот инсајдерскиот извештај на Сем Мекалистер во таква продукција и со таква актерска екипа. „Сакам на публиката да и го претставам неверојатниот редослед на настани кои доведоа до интервјуто со принцот. Тоа е филм за моќта, привилегиите и различните перспективи и како – во блескавите палати или во редакциите со висока технологија – судиме што е вистина“, рече тој.

Од се што е досега познато за новиот филм, може да претпоставиме дека „Scoop“ е уште еден медиумски проект за кој британското кралско семејство ќе се преправа дека не постои.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma