Овие три кратки фризури додаваат години, односно прават да изгледате постаро.
За фризури, како и за шминка и мода, важи правилото дека мора да биде ласкава и да ја нагласи природната убавина. Сепак, колку што добрата фризура го подобрува изгледот, погрешниот избор може да има спротивен ефект.
Многу дами во зрелите години се одлучуваат за пократка коса. Има многу добри фризури кои можат да направат да изгледате помладо. Но, има и фризури кои се погрешен избор.
Еве три фризури кои можат да направат да изгледате постаро.
Многу кратка фризура
Многу краткиот боб има тенденција да го нагласи горниот дел од косата, кој се истенчува со возраста. Затоа, оние кои страдаат од опаѓање на косата, но сакаат да ја носат косата пократко, треба да избегнуваат фризури пократки од брадата.
Како решение во овој случај, фризерите предлагаат да изберете фризура која природно се витка навнатре на краевите. На овој начин, фокусот се трга од патецот на косата и и се додава волумен.
Боб со микро шишки
Многу познати дами, како Ема Вотсон, веќе докажаа дека „мирко“ шишките можат да изгледаат многу кул. Сепак, експертот за коса Дани Еверсон предупредува дека и оваа фризура може да има негативен ефект.
– Обожавам шишки и мислам дека секоја должина различно ги истакнува цртите – вели таа.
Ако навистина сакате шишки, попрво изберете долга верзија која ќе ви помогне да ги скриете брчките на челото. Имено, микро шишките го откриваат челото и автоматски го привлекуваат вниманието на фините линии.
– Правилната должина на шишки може да помогне некому да изгледа младешки, но прекратките шишки ја преминуваат границата помеѓу детско и зрело – предупредува фризерката.
Должината до веѓите е најдобриот избор.
Фризура со премногу слоеви
Додека слоевите, особено светлите бранови, имаат тенденција да додаваат волумен на косата, експертите за коса советуваат да се држите подалеку од фризури со големи слоеви, бидејќи тие можат да имаат сосема спротивен ефект.
Покрај тоа, ваквиот избор на коса дополнително ќе ја истакне веќе проретчената коса.
За среќа, постојат неколку подобри алтернативи кои сепак создаваат волумен без привлекување внимание на тенката коса.
Експертите препорачуваат рамномерно ишишана коса со шишки или фризура која има повеќе волумен на страните отколку на врвот. Ова прави косата да изгледа пополно. Фините прамени распоредени по целата глава, исто така, создаваат ефект на поголем волумен.