Нови воени именувања за принцот и принцезата од Велс
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам повторно ги прошируваат своите кралски улоги. Речиси една година откако кралот Чарлс ги нарече принц и принцеза од Велс по смртта на кралицата Елизабета Втора, кралската двојка доби дополнителни титули по реорганизацијата на воените назначувања во семејството, наведува „Enews“.
Кејт е назначена за главен комодор на воздухопловната флотата, за полковник на Првата гарда на кралицата и за кралски почесен воздухопловен комодор на Кралските воздухопловни сили Конибгсби. Во меѓувреме, Вилијам е назначен за главен полковник на Мерсијанскиот полк, главен полковник на Воздухопловниот корпус и Кралскиот воздушен комодор, каде што претходно помина три години како пилот за пребарување и спасување.
Станувајќи нов кралски почесен воздушен комодор за РАФ Кнонигсби, Кејт ја добива својата прва висока улога во Кралските воздухопловни сили. Сепак, титулата има посебна врска и со нејзиниот дедо, капетанот Питер Мидлтон, кој леташе заедно со покојниот сопруг на кралицата Елизабета, Филип за време на двомесечната турнеја низ Јужна Америка во 1962 година.