Повремено на сите ни е дозволено да уживаме во некоја не толку здрава храна која може да им наштети на нашите артерии и на тој начин да придонесе за лошо здравје на нашето срце и системод за циркулација. Сепак, постојат некои навидум здрави намирници кои можат да му наштетат и на здравјето на нашето срце, предупредува кардиологот др. Родни Фуле.
Јадењето премногу храна која е богата со заситени масти, како што се преработеното месо и млечните производи, може да го зголеми количеството на ЛДЛ холестерол, познат и како лош холестерол, во нашата крв.
Еден мрсен оброк нема веднаш да не стави на ризик од срцеви заболувања или да го промени нивото на холестерол или резултатите од тестовите. Но, со текот на времето, исхраната богата со заситени масти и јаглехидрати може значително да го зголеми ризикот“, објаснува тој.
Храна која се чини дека е здрава, но всушност придонесува за зголемување на холестеролот се грчкиот јогурт, јајцата, гранолата и енергетските плочки.