Рузмаринот одамна е познат како лековито растение кое ја поттикнува циркулацијата и штити од воспалителни процеси на кожата, а дерматолог од Њујорк, д-р Мишел Хенри, предлага секојдневно да се користи за нега на косата.
– Рузмаринот има антиоксидантни својства, што помага за заштита на косата и скалпот, но со тоа што влијае на циркулацијата, докажано е дека го поттикнува и зајакнува коренот на косата. Затоа, наместо масло, треба да користите вода од рузмарин во текот на денот и за околу три месеци ќе видите промени во квалитетот на косата – вели д-р Хенри.
Што ви треба: пет гранчиња свеж рузмарин, две чаши дестилирана вода и шише со распрскувач.
Како да направите:
Во тенџере со вода ставете ги гранчињата рузмарин и оставете да зовријат. Оставете да се вари 15-20 минути. Водата треба да биде жолто-зелена.
Тргнете од оган и оставете да отстои уште половина час. Процедете ја водата и истурете ја во шише со распрскувач.
Како се користи:
Исчешлајте ја косата и испрскајте го скалпот неколку пати во текот на денот. Масирајте ја кожата со врвовите на прстите најмалку една минута. Чувајте ја водата во фрижидер.