Еден лекар на Тик Ток го привлече вниманието на деловите од телото кои често забораваме да ги измиеме, пренесува „NY Post“.
Докторката Џен Кодл, која има преку 90 илјади следбеници, неодамна објави видео во кое открива 5 делови од телото кои луѓето не ги мијат доволно често, а на прво место е папокот.
– Многу луѓе не го мијат папокот – вели таа, а најмногу го запоставуваат мажите.
Следниот дел од телото што често го запоставуваме се ушите. Неопходно е да се измие целата аурикула со сапун, како и лесно достапната внатрешност на самото уво.
Следните области кои не ги миеме редовно се ноктите. Како што вели таа, таму се крие многу нечистотија.
– Вистина е, не размислуваат сите за тоа – вели таа.
@drjencaudle You’re Not Washing These Enough! 🤢 #bath #bathe #shower #wash #loofah #bodywash #loofahsponge #loofahtiktok #washtiktok #tiktoktaughtme #fyp #fypシ
Понатаму, таа истакнува дека често забораваме да ги измиеме стапалата, а не само да дозволиме сапунот да ни тече по нозете под туш.
И последното нешто на кое луѓето обрнуваат малку внимание е миењето на прстите.
– Погрижете се темелно да ги миете нозете и прстите исто како што ги миете рацете. На овој начин ќе спречите инфекции од повеќе видови – истакна на крајот докторката.