По грст изданија во розова боја ова лето како дел од промотивната турнеја на филмот „Барби“, австралиската убавица Маргот Роби повторно и оддаде модна почит на најпознатата кукла во светот.
Летниот хит на Грета Гервиг имаше специјална проекција овој вторник во хотелот Peninsula во Менхетен,Њујорк.Заедно со Дуа Липа,чиј хит „Dance The Night“ за саундтракот на филмот летово ги потресе музичките топ листи,главна ѕвезда беше Маргот Роби.
Со ликот на најпознатата кукла на светот,Роби уште еднаш се идентификуваше во модата,пристигнувајќи на специјална проекција на филмот во минијатурна,пастелно розова облека во духот на 80-тите и со потписот на Италијанецот Versace.
Холивудската русокоса се одлучила за топ со корсет со соодветно здолниште со мини должина,во комбинација со чевли со розов сјај.