Ниту еден мејкап изглед не е комплетен без раскошно црни трепки, а покрај тоа што ги истакнуваме со црна боја, најчесто даваме се од себе за да ги продолжиме што повеќе за време на шминкањето.
Верувале или не, можно е да ги продолжите многу повеќе отколку што мислевте. За тоа не ви се потребни вештачки трепки и лепак, туку доволно е да искористите еден стар трик кој секогаш делува.Сè што ви треба е пакување обична пудра за бебиња, која можеби веќе ја имате дома (а ако не, можете да ја најдете за само 150 денари!) и едно или две стапчиња за уши или стара четка од маскара.
Прво, нанесете еден слој од маскарата што вообичаено ја користите на трепките.
Потоа на стапчето за уши ставете пудра во прав, па внимателно поминете преку трепките.
После тоа, повторно ставете ја маскарата и нанесувајте додека целосно не ги покриете сите бели траги од пудрата. Резултатот: густи, долги и луксузни трепки и заводлив изглед кој ќе се памети!