Манекенката изгледа енергично и шик пред снимањето на шоуто
Хајди Клум (49) изгледаше свежо и женствено, кога неодамна беше фотографирана во розова облека на улица, додека оди на снимањето на шоуто „America’s Got Talent“.
Топ моделот и водителка, изгледаше шик и секси во краток плетен мини фустан и нежно розова наметка. Во преден план беа нејзините долги нозе кои ги истакна во крем чизми над колена.
Со насмевка на лицето, очила за сонце и кафе во раката, Хајди изгледаше енергично и подготвена за ново снимање.