ДОЛГО СЕ БОРЕЛА СО ТЕШКА БОЛЕСТ Анџелина Џоли ги расплака обожавателите со шокантна објава, актерката доживеала голема загуба

popara10 мај, 20231min00
Screenshot_2

Анџелина Џоли се присетила на својата покојна мајка Маршелин Бертранд во емотивна објава на Инстаграм. Оскаровката сподели стара фотографија на која може да се види како позира со нејзината мајка, која почина во 2007 година, кога таа беше мало девојче во бел фустан и со капа на главата.

 

 

 

– Утре ќе и беше 73 роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците. Во јуни ме дели еден месец од возраста кога и беше дијагностициран ракот. Имав превентивни операции за да ги намалам шансите, но сепак одам на прегледи, опишала таа и продолжила:

 

ОБЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Мајка ми го сакаше Хендрикс. И таа секогаш ги потпишуваше своите писма со Kiss the Sky. Откако таа почина, тоа доби ново значење. Испраќам љубов до оние кои исто така изгубија блиски и сила до оние кои се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат во моментов“.

47-годишната актерка испрати порака и до другите жени да одвојат време да се грижат за себе и да направат мамографи и тестови на крвта или ултразвук, особено ако имаат семејна историја на рак.