Кератинското исправување на косата е многу популарно со години, а многу дами ќе се израдуваат од фактот што овој ефект можат да го постигнат и дома.
Како што се појави во фризерските салони, третманот со кератин стана многу популарен. Кератинот ја исправа косата и и дава свиленкаст и мазен изглед.
Благодарение на него оштетената и сува коса почнува полека да го враќа сјајот и густината, а одржувањето е драстично полесно. Косата може да се просуши само со фен, и без фен или употреба на други средства останува права и сјајна.
На радост на многу припаднички на понежниот пол, оваа варијанта на кератин може да се направи и дома. Ова е многу поедноставна и поевтина варијанта, со тоа што не е долгорочно решение, како кога се работи за третмани во салони, но секако се добива сличен ефект.
Потребно е:
– 1 шолја вода
– 2 лажици пченкарно брашно
– 1 лажица бебешко масло.
Постапка:
Истурете го пченкарното брашно во водата, почекајте да зоврие, па мешајте додека не се згусне. Додадете го бебешкото масло и повторно измешајте. Почекајте да се излади, а потоа нанесете ја по целата коса и оставете ја 20-25 минути. После тоа, нормално измијте ја косата.