ДОМАШНАТА НЕГА НА ДАМИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ Италијанките ги бришат брчките со портокал, а Шпанките ги отстрануваат темните кругови со компир!

popara10 февруари, 20231min00
732871_spankinja-87428504_f

Каде и да живеат, жените се трудат да изгледаат убаво и да останат младолики што подолго. Тие прибегнуваат кон природни состојки од нивното поднебје, од кои прават препарати за да имаат нежна кожа на телото, блескав тен, бујна и мека коса… Ви ги претставуваме најпопуларните начини на нега кои ги практикуваат најубавите дами ширум планетата.

Италијанките ги бришат брчките со црвен портокал

Доволно е да помислите на Моника Белучи и да ја пробате оваа природна смеса која Италијанките ја користат за затегнување на кожата на лицето. Измешајте две лажички маслиново масло со сок и ситно рендана кора од црвен портокал. Нанесете со памук на лицето, вратот и деколтето и оставете 10 минути. Исплакнете со млака вода. Состојките од црвениот портокал го чистат лицето и ја затегнуваат кожата, додека маслиновото масло ја прави нежна.

Русинките прават пилинг со овесна каша

Повеќето мажи велат дека Русинките се меѓу најубавите жени во светот. И користат природни начини на нега. Еден од нив е пилинг за лице и тело со овес, кој ја чисти кожата и ги намалува порите. Измешајте две чаши мелени овесни снегулки, една шолја мед и една шолја маслиново масло. Смесата втријте ја во кожата, оставете десет минути и измијте со млака вода.

Азиска маска од ориз за блескав тен

Жените во Азија на своето лице ставаат маска од ориз која длабински ја чисти кожата и ги отстранува мастите. Ставете шолја ориз во топла вода половина час за да се одвои скробот на површината, а потоа процедете ја и измешајте ја таа вода со оризово брашно за да добиете густа смеса. Нанесете на чисто лице и оставете 15 минути, а потоа измијте со млака вода.

Бразилките спречуваат иритација со масло од орев

Убавиците од Бразил се грижат за кожата со масло од бразилски ореви, кое хидрира и штити од иритација. Маслото се загрева малку и се мачка на кожата, се остава да делува, па се мие. Маслата и кремите на база на јаткасти плодови ја прават кожата мека, затегната, ја спречуваат појавата на егзема, акни и флеки.

Французинките се нежни поради млекото

Отмените и елегантни дами од Франција имаат едноставно решение за нега на кожата – млеко и мед. Мешаат една шолја млеко и половина шолја мед и со парче памучна вата нанесуваат на лицето. Оставете ја маската да делува 15-20 минути, а потоа измијте ја со млака вода. После тоа, кожата е мека и сјајна. А исто така во купката истураат шолја млеко и мед, така што и кожата на телото им е мазна.

Шпанките ги отстрануваат темните кругови со компир

Дури и шпанските убавици имаат проблем со темните кругови. Но, нашле евтино решение – компир. Го лупат, го сечат на тенки кришки и го ставаат преку затворените очи како облог. За да ви стои компирот на очи, треба да легнете. Држете го 20 минути, а потоа фрлете го и измијте се. Дамите од Шпанија тврдат дека темните кругови исчезнуваат, бидејќи компирот ја осветлува кожата околу очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag