Овој деликатес може да биде совршен додаток на вашиот омилен леб и вистинско уживање за непцето.Љубителите на белото чоколадо особено ќе уживаат во овој намаз кој е готов за само 10 минути.Процесот на изработка е многу едноставен,па намазот ќе биде готов за кратко,а задоволството е бесценето!
Домашна бела Нутела
Ќе ви требаат:
600 гр бело чоколадо за готвење
300 мл слатка павлака
Постапка:
Во тенџерето прелијте ја слатката павлака и сечканото бело чоколадо.Тенџерето ставете го на тивок оган.Внимавајте да не загори чоколадото,па постојано мешајте.Доволни се неколку минути,додека смесата не почне малку да врие.Тргнете го тенџерето од оган,оставете ја смесата да се олади на собна температура,а потоа ставете ја во фрижидер неколку часа.После тоа може да се јаде како Нутела.