Домашна маска за коса од ТРИ СОСТОЈКИ од кујната: Одличен избор доколку вашата коса е оштетена, брзо се масти или има првут (РЕЦЕПТ)

popara24 јуни, 20231min00
b6bbd9ec9edf224ef825c11467e9a8978a41b14d

Не мора да одите во продавница, можете и дома да направите маска за коса

Здравата и бујна коса е сон на секоја жена. Припадничките на понежниот пол трошат големи суми на пари и купуваат разни препарати за да и ја обезбедат потребната нега на косата, но има и многу поевтини и подостапни решенија.

Маска за коса можете да ја направите дома многу брзо, со само три состојки: јогурт, јаболков оцет и мед.

Јогуртот е природен пробиотик кој може да помогне во борбата против габата што предизвикува првут. Исто така го хидрира скалпот. Јаболковиот оцет може да помогне во враќањето на природната pH вредност на скалпот, додека медот има антиоксидантни својства кои помагаат кај оштетената коса.

Состојки:

шолја јогурт

3 лажици јаболков оцет

1 лажица мед

Подготовка:

Соединете ги сите состојки, а потоа нанесете на косата и држете 30-40 минути. Потоа исплакнете со вода и измијте како и обично. Нанесувајте ја маската два пати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag