ДОМАШНА ПИТА СО СЛИВИ: Неодоливо крцкава однадвор, а совршено сочна внатре

popara25 август, 20231min00
3605_shutterstock-158294477_f

Сезоната на сливи е во тек, тие се евтини, сочни, а кога ќе ги завиткате во пита и ќе додадете чоколадо, ќе имате деликатес за кој сите ќе ве прашаат за рецептот. Брзо и лесно се прави со состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Потребно е:

500 гр кора за пита, 250 гр шеќер, 60 мл масло, 200 мл вода, 150 гр чоколадо, 1 кг излупени сливи, 50 гр презла

Подготовка:

Исчистените свежи сливи прелијте ги со вода и додадете 100 грама шеќер, па динстајте 15 минути додека се убаво се згусне. На дното на садот за печење ставете хартија за печење. Ставете една кора, која ќе ги прекрие малку и страните на плехот. Внатре наредете две кори, малку стуткајте ги, па покријте со неколку лажици фил од сливи и одозгора изрендајте третина од чоколадото, посипете со презла и прелијте со масло. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Питата се пече на 180 степени околу 40 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag