Домаќинките обично го ставаат во чорби, а овој зачин е најефективниот лек против комарци

popara30 јули, 20231min00
676

Ако преферирате природни лекови, најдобро би било да се придржувате до следните совети.

Во продажба можеме да најдеме многу средства против комарци, но доколку преферирате природни средства, најдобро би било да се придржувате до следните совети.

Мирисот на ловоровите листови ги брка комарците и другите досадни инсекти, како што се мувите… Се што треба да направите е да запалите неколку суви ловорови листови во просторот во кој престојувате или да ги исечкате и да ги поставите во ваша близина.

Комарците исто така не го сакаат мирисот на босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, мајчина душица и маточина. Ќе ви помогне и сувиот талог од кафе, само ставете го во метален сад и запалете го. Талогот од кафе помага и во борбата со мравките – посипете го на места каде што се собираат и мирисот ќе ги натера да се преселат на друго место. Овој метод на бркање на комарците го препорачува Американската агенција за заштита на животната средина како одлична алтернатива на купечките средства.

Постојат и одредени есенцијални масла кои комарците не ги сакаат, но не ставајте ги директно на кожата туку разредете ги. На пример, додадете неколку капки во маслиново масло, протресете и испрскајте ја кожата. Мирисот ќе ги избрка. Се тврди дека најсигурни есенцијални масла се лаванда, рузмарин, цимет, еукалиптус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma