Донатела ја врати музата на Џани на пистата: Клаудија Шифер го затвори шоуто „Versace“

popara26 септември, 20231min00
Клаудија Шифер

Само Донатела знае да го зачини шоуто и да ни послужи нешто повеќе од одлична нова колекција.

Музите на “Versace’ се сменија во ерата на Џани,но онаа на која како што многумина тврдат,му била најблиску до срцето,е Клаудија Шифер.

Синоќа,германскиот супермодел се најде на модната писта за прв пат по затворањето на колекцијата на брендот за пролет 2018 година заедно со Карла Бруни,Наоми Кембел,Синди Крафорд и Хелена Кристенсен.

Шифер прошета во зелен и сребрен фустан до подот со шаховски принт.Слип фустанот имаше метален финиш украсен со кристални монистри и нане зелена чипка што го оцртуваше торзото на моделот.Изгледот беше завршен со суптилен природен изглед на шминка и сребрени металик шпиц потпетици со машна.

Во рамките на подготовките за шоуто, Шифер ископа низ нејзината архива „Versace“.

– Моите омилени креации се во колекцијата металик,светло сина,светло розова,златна.Тоа се мини здолништа со мали џемпери и чизми до колена во бои што одговараат на џемперот, така што тоа би можело тоа да биде целиот изглед“, изјави таа за Vogue, мислејќи на колекцијата есен 1994 година.

Шифер,која доби неколку парчиња од таа колекција од Џани и Донатела,ги донесе со себе во Милано и ги носеше на фотосесија пред самата ревија.

– Тоа е таков флешбек на раните 90-ти.Чудното е што денес можете повторно да го носите.Тоа е мода на денешницата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag