Како што влеговме во сезоната на сончеви денови, со текот на времето и лицето се осветлува.
Па така, на социјалните мрежи се појави и „допаминска шминка“, која дополнително им помага на луѓето да се чувствуваат попозитивно.
Илјадници жени објавуваат впечатлив тренд на социјалните мрежи под тоа име, кој собра повеќе од половина милион прегледи.
Се смета дека овој вид на дотерување и шминка создава „шок од хормони за добри чувства“ што предизвикува чувства на задоволство и релаксација во мозокот, пишува nypost.com.
Имено, студијата на Универзитетот Квинипиак, спроведена во 2020 година, која се занимавала со влијанието на инфлуенсерите кои се занимаваат со убавина и самодоверба, покажала дека шминката, како и оние кои знаат да ја ставаат, имаат многу позитивно влијание врз луѓето. Значи, колку е поголема креативноста и играњето со боите, толку е поголемо лачењето на допамин.
Многу девојки го дадоа своето мислење за овој метод, велејќи дека „тоа не е шминка, тоа е терапија“, и дека „користењето бои во секојдневната шминка навистина може да направи некој да се чувствува добро“, „како да можам буквално да си го измамам мозокот“ . Ова се само дел од коментарите на оние девојки кои се почесто почнуваат да си играат со боите, но со насмеано лице.
Можеби ова е знак да го пробате овој тренд и да ја направите оваа сезона уште пошарена.