Допишување, бакнеж или нешто повеќе: Што всушност е изневерување?

popara24 декември, 20231min00
Screenshot_4

Неверството во врска или во брак е многу честа појава, тоа го докажуваат и многу истражувања.  Но, ако побарате дефиниција што точно е неверство или прељуба, ќе добиете различни начини на дефинирање од мажите и жените.

 

 

 

 

Со ова прашање се позанимава и една студија, со цел да открие кои се границите помеѓу безопасната забава и изневерувањето. Интересно е што сите имаат различна перцепција за неверството.

 

Најважно е да се сложувате со партнерот за перцепцијата за неверство. Прељубата може да се дефинира како емоционално или сексуално неверство кон партнерот со кој сте во врска.

 

Но, студија на Универзитетот во Мичиген побара од група студенти да оценат 27 различни однесувања со оцена од 1 до 100. Оцената 1 е за однесување што не се смета за неверство, а 100 ако во целост се смета за изневерување.

 

Резултатите покажале дека не постои јасна дефиниција за неверство.

 

Еве неколку облици за изневерување кои не спаѓаат во физичко неверство, а кои многумина ги сметаат за  прељуба:

 

– допирање друга личност

 

– купување подароци, плаќање сметки или одење на вечера со некој друг

 

– допишување во доцните часови

 

– испраќање експлицитни пораки

 

– состанок со бившиот

 

– размена на телефонски броеви

 

– флерт со некој друг

 

– одење на состанок со некој друг освен вашиот партнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma