Дошол на работ на исцрпување: Британскиот актер се повлекува од сцената на година дена

popara9 јуни, 20231min00
tom-holland

Британскиот актер познат по улогата на Спајдермен, Том Холанд одлучи да направи пауза од актерството за да се фокусира на своето ментално здравје. Тој призна дека последната улога во серијата „The Crowded Room“, на која работеше како продуцент, толку многу го исцрпила што едноставно морал да се оддалечи и да се „ресетира“.

Трилер серијата што тој моментално ја промовира го следи главниот лик – Дени Саливан, кој бил невин уапсен по шокантното злосторство на Менхетен во 1979 година. Актерот призна дека работата на серијата го соочила со емоции со кои никогаш претходно не се сретнал. Тоа емотивно го исцрпило, а освен тоа, за прв пат се сретнал и со работата продуцент. Свесен за стресот и одговорноста што ги носи оваа позиција, Том рече дека е благодарен за се што научил. Сепак, жонглирањето со многубројните обврски го доведоа до неговата преломна точка.

“Тоа беше тешко време, сигурно. Сега земам една година одмор, што само зборува за тоа колку бараше проектот”, изјави актерот и партнер на актерката Зендаја во интервјуто. “Не бегам од напорна работа, секогаш се залагав за идејата дека напорната работа е всушност добра и квалитетна работа. Уживав работејќи на овој проект, но сфатив дека на крајот ова шоу ме скрши”, призна актерот.

Во неодамнешните интервјуа, Холанд призна дека преку ликот на Дени препознал некои од неговите „предизвикувачи“ и научил повеќе за менталното здравје. Наместо акциони сцени во кои е важна физичката подготвеност, тој психички се напрегал за оваа улога, па разговарал и со психијатри за подобро да го разбере ликот што го отелотворувал. По девет месеци снимање, актерот сфатил дека повеќе не ја препознава границата помеѓу сопствената личност и фикцијата.

image

“Се гледав себеси во него, но во мојот приватен живот. Се сеќавам дека бев уништен дома и размислував да ја избричам главата. Сакав да ја избричам главата за да се ослободам од тој лик”, признал тој. Тој, исто така, одлучи да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи минатата година за да се заштити од огромната содржина и негативните наслови што ги чита за себе.

“Инстаграм и Твитер се премногу стимулативни, неодоливи се. Го фаќам мобилниот телефон и читам работи за себе на Интернет, но на крајот тоа е многу штетно за мојата психичка состојба. Затоа, решив да направам чекор назад и да избришам апликацијата“, изјави 27-годишниот актер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag